Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат со кампањата и инфо средбите по повод објавениот повик за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3). На инфо средбите заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа мерка од програма од тековниот објавен повик. Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година. На 5ти март 2025 година (среда), инфо средби ќе се одржат во Конче, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Радовиш со почеток од 14:00 часот во општинската сала. Post navigation Советниците денеска ја одржаа 63 седница на Советот на Општина РАдовиш LIVE STREAM: Во живо од натпреварот РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – РК РАДОВИШ