На 19.06.2021 во 18.35 часот на магистралниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(40) од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот. По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка Болница – Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците С.А.(19) и С.А.(19), и двајцата од Кочани биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип. СВР Штип фото: Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДЕВОЈЧИЊАТА ОД БК „БУЧИМ ШАМПИОНИ“ СО УСПЕСИ ОД ТУРНИРОТ ВО КОСОВО УСПЕСИ НА МЛАДИТЕ ЏУДИСТИ НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ОДРЖАНО ВО ПРИЛЕП