Боречкиот клуб кој функционира и работи во општина Конче „Бучим Шампиони“ со свои членови „девојчиња„ учествуваше на турнир во Качаник во Косово. На овој турнир учествувале 75 девојчинња кои се натпреварувале во пионерска и кадетска конкуренција. Клубови кои учествуваа на турнирот беа од Македонија, Косово и Албанија. Нашите учесници девојчињата-борачки од БК Бучим-Шампиони освоија едно злато и три бронзени медали: Софија Ристова го освои 1то место, Фросина Атанасова, Дофија Зајкова и Спасија Василева се закитија со бронзен медал. Честитики за успесите на овие наши млади надежни спортисти од нашата редакција, им посакуваме успех и во следните натреварувања фото: БК Бучим Шампионо, Конче Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОД ВТОРНИК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 СТЕПЕНИ НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ШТИП – РАДОВИШ, ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛО ОД КОЛОВОЗОТ