Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2023“, оваа година со рекордна посетеност 

Љубителите на фудбалот имаа можност да проследат возбудливи дуели од овогодишниот турнир кој беше одигран изминатите денови и недели во Спортскиот терен во Ораовица, а заврши заклучно со 03 Август каде што се одиграа и финалните натпревари.

На овој турнир од страна на организаторот ФК Изведен од Ораовица беше поставеноста на професионлано ниво без никакви проблеми и забележки од страна на учесниците и посетителите.

Сепак во фубалот и спортот има победници кои успеаа да се закитат со одличјата и праичните награди кои беа обезбедени од страна на организаторот и помагателите на турнирот.

Победник на турнирот беше екипата на Гостилница Кај Џек, втори беа фудбалерите од Freight One.

Честитки од нашата редакција до организаторот и се гледаме следната година со уште поголема посетеност и атрактивни и возбудливи натпревари

 

Дел од фото галеријата

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

error: Содржината е заштитена !!