Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, денеска оствари прием на претставниците на фолклорните ансамбли кои учествуваат на овогодинешното издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро весело“. Фестивалот се одржува вчера и денес во Радовиш, по повод празникот на градот – Света Троица, собирајќи млади фолклористи кои преку игра, песна и традиција ги претставуваат богатствата на своите земји и култури. Градоначалникот им посака топло добредојде, пријатен престој во Радовиш и успешен настап на вечерашната фестивалска програма, која ќе се одржи на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“. Радовиш и оваа година е домаќин на детската насмевка, пријателството и фолклорната традиција. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Завршна приредба на дечињата од детските градинки „Ацо Караманов“ Радовиш беше домаќин на Меѓународниот турнир во борење „Македонски Бисер“.