Јубилејното 50-то издание на турнирот и одбележувањето на 30 години од големиот успех на БК Бучим беа дополнителен мотив спортската сала да биде исполнета со љубители на борењето и спортот. Овој прекрасно организиран настан, реализиран од страна на Боречката федерација и БК Бучим, уште еднаш ја потврди долгогодишната боречка традиција на Радовиш. Турнирот го отвори Министерот за спорт Борко Ристевски и Градоначалникот Љупче Почивалец. Честитки до сите борачи за прикажаните настапи, а особено до освојувачите на медали и признанија. Вашата посветеност, дисциплина и спортски дух се вистинска инспирација за младите генерации. Радовиш уште еднаш покажа дека е град на спортот, град на шампионите и град кој ги негува вистинските спортски вредности – истакна Градоначалникот Почивалец во своето обраќање пред присутните. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Прием на фолклорните ансамбли кои учествуваат на „Оро весело“, од страна на Градоначалникот Љупче Почивалец СВЕТА ТРОИЦА- Слегувањето на Светиот Дух