Јубилејното 50-то издание на турнирот и одбележувањето на 30 години од големиот успех на БК Бучим беа дополнителен мотив спортската сала да биде исполнета со љубители на борењето и спортот.

Овој прекрасно организиран настан, реализиран од страна на Боречката федерација и БК Бучим, уште еднаш ја потврди долгогодишната боречка традиција на Радовиш. Турнирот го отвори Министерот за спорт Борко Ристевски и Градоначалникот Љупче Почивалец.

Честитки до сите борачи за прикажаните настапи, а особено до освојувачите на медали и признанија. Вашата посветеност, дисциплина и спортски дух се вистинска инспирација за младите генерации.

 

Радовиш уште еднаш покажа дека е град на спортот, град на шампионите и град кој ги негува вистинските спортски вредности – истакна Градоначалникот Почивалец во своето обраќање пред присутните.

 

 

 

 

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!