Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, денеска оствари прием на претставниците на фолклорните ансамбли кои учествуваат на овогодинешното издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро весело“.
Фестивалот се одржува вчера и денес во Радовиш, по повод празникот на градот – Света Троица, собирајќи млади фолклористи кои преку игра, песна и традиција ги претставуваат богатствата на своите земји и култури.
Градоначалникот им посака топло добредојде, пријатен престој во Радовиш и успешен настап на вечерашната фестивалска програма, која ќе се одржи на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“.
Радовиш и оваа година е домаќин на детската насмевка, пријателството и фолклорната традиција.
© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!