Административниот службеник Душан Хаџи-Василев вработен во Општина Радовиш и распореден на работно место со звање-Соработник за одржување на информатички систем се назначува за службеник за млади. Службеникот за млади ги извршува следните работни задачи и обврски: -развивање,планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики; -подршка на работата на локалната самоуправа ,локалниот младински совет ,неговите членови ,спроведувањето на неговата програма,известување и транспарентност; -одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите; -следење на потребите на младите преку обезбедување истражувања за потребите на општината ,консултации со млади и следење и информирање за анализи и истражувања за трендовите кај младите; -обезбедување информации и информирање на младите; -водење на база на податоци за разни младински активности,активни форми на младинско здружување и неформални младински групи за потребите на Истражувачкиот центар на Агенцијата за млади и спорт; -редовна комуникација со Агенцијата за млади и спорт; -да биде контакт за сите младински прашања на локалната самоуправа кон младите и јавноста; и -службеникот за млади е одговорен за работата на Канцеларијата за млади. 3.Оваа решение влегува во правна сила од денот на неговото донесување. РЕШЕНИЕ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА „ПАТЕН ПРАВЕЦ КОН ПЛАНИНА ПЛАЧКОВИЦА“ РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 56 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ