Учесниците во проектот од двете училишта беа во посета на Општина Радовиш каде што прием им организираше Градоначалникот Љупче Почивалец кој беше запознаен со активностите кои ги имат во проектот.

Во рамките на RYCO – Суперучилишта нашиот проект „ Спорт за сите“ е со фокус на „Спорт за развој“. S4D – „Спорт за развој“  е забавна, достапна и економична, но многу ефикасна алатка која вклучува не само игра и физичка активност, стекнување на здрави животни навики.

RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и помеѓу општествата во Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени.

„Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Координатори на проектот се Венка Тадирова и Иванка Спасова.

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!