Одбојкарите на Струмица Никоб го освоија победничкиот пехар во Купот на Македонија, шести пат во низа – кој годинава во машка и во женска конкуренција се одржа во Радовиш. Во машкото финале, актуелниот првак на Македонија славеше на дуелот со ГОК Борец со 3-0 во сетови (25-7, 25-23, 25-18) и на тој начин го освоија вкупно 18-от пехар во својата клупска историја. Претходно во полуфиналето, велешани ја совладаа Шкендија со 3-1 (14-25, 25-19, 25-17, 25-19), а Струмица Никоб го победи Универзитет во Тетово со 3-0 (25-19, 25-11, 25-23). Одбојкарките на Работнички, пак, го одбранија ланскиот трофеј во Купот на Македонија, откако славеа во финалето над Наковски волеј со 3-1 во сетови (23-25, 25-18, 30-28, 25-16). Во полуфиналето струмичанки го победија Вардар со 3-1 (25-16, 25-22, 10-25, 25-11), а Работнички славеше со 3-0 (25-21, 25-12, 25-20) против Јанта волеј. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОСВОЕН ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА МАРИО ОД БК БУЧИМ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ ВО БУГАРИЈА ИЗБОРНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ „У20“ СЕ ОДРЖА ВО РАДОВИШ