Денес во Собрание на Република Македонија гости беа осмоодделенците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш.

Тие, заедно со пратеничката од Радовиш Моника Трајанова, реализираа обиколка на парламентот и се запознаа со работата на законодавниот дом.

Преку оваа едукативна посета, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на институциите и значењето на демократијата во Македонија.


Собранието на Македонија го сочинуваат 120 пратеници, кои се избираат на општи и непосредни избори со мандат од четири години.

Пратениците ја вршат законодавната власт во рамките на Собрание на Република Северна Македонија, каде што:

  • донесуваат закони
  • го контролираат работењето на Владата
  • усвојуваат буџет
  • расправаат и одлучуваат за прашања од јавен интерес

Ова тело претставува темел на парламентарната демократија во државата.

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!