Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш учествуваа на 21-то Образовно рандеву на МАССУМ, кое се одржа во СОУ „Богданци“ – Богданци.

Тие се натпреваруваа во повеќе категории:

  • Најдобра поетска творба
  • Најдобро кариерно портфолио
  • Најдобра екипа во баскет
  • Најдобра фотографија
  • Најдобро соло пеење
  • Најдобар штанд (електро-техничка, градежна и металуршка струка)

Со особена гордост се истакнува освоеното ТРЕТО место за најдобар штанд, што претставува значаен успех и признание за трудот, креативноста и знаењето на учениците.

Овој настап е уште една потврда за квалитетот и посветеноста на учениците и наставниот кадар, како и за нивната успешна презентација на училиштето и градот.

 

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!