Горан Здравков е новиот шеф на стручниот штаб на радовишки ФК Детонит. Во сабота детонитци ќе го одиграт натпреварот од третиот круг во Втората фудбалска лига (Исток), а доаѓа прилепска Победа. Терминот на одигрување е 15.00 часот. Екипата на ФК Детонит во овој натпревар ќе се обиде да освои бодови кои се потребни за опстанок во оваа лига, ФК Победа беше гостин пред неколку кола во Радовиш каде што во еден изедначан натпревар се ремизираше и бодовите беа поделени. Покана упатуваат од управата на ФК Детонит до сите љубители на спортот и фудбалот во сабота на Градскиот стадион во Радовиш го бодриме нашиот клуб. Им посакуваме успех на нашите фудбалери! *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАВРШУВА ОБВРСКАТА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ЗИМСКА ОПРЕМА ВО ВОЗИЛАТА ИНТЕНЗИВНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ВОПОСТАВУВАЊЕТО НА ПРВИОТ МАЛ ЕКОЛОШКИ ДИСТРИБУТИВЕН СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ ВО РАДОВИШ