Синоќа во Срц „25 мај“ во Радовиш се одигра финалето во Купот на Македонија во Футсал.

КМФ Форца успеа во драматичен меч да слави со 5:4 против тимот на КМФ Осогово и со тоа да го освои пехарот на Фудбалската федерација на Македонија.

Стрелци за головите за Форца беа Левеска со два погодоци, Зекири, Исмаили и Јонузи по еден погодок

За Осогово головите ги постигнаа Ристовски и Станојковски со по два погодоци.

Пехарот и медалите за најдобрите беа доделени од страна на Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец.

Погледнете повеќе

Повеќе информации