Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 29 јули изрекла 94 глоби од по 300 евра на избрани и именувани лица кои не ја поднеле во законски предвидениот рок изјавата за имотна состојба и интереси. 💶 Вкупната вредност на изречените глоби изнесува 28.200 евра. Меѓу казнетите се поранешни градоначалници, директори на јавни претпријатија, општински советници, директори на установи, членови на управни и надзорни одбори, судии, како и други избрани и именувани лица. Според објавените податоци на ДКСК, глобите не се однесуваат на утврдено поседување „скриен“ имот, туку на непочитување на законската обврска за навремено поднесување на изјава за имотна состојба и интереси. Кај дел од лицата обврската настанала по изборот или именувањето на функцијата, додека кај други по престанокот на функцијата. 📌 Во неколку случаи, исто лице е казнето двапати со по 300 евра – еднаш при преземањето на функцијата и повторно по нејзиното завршување. ДКСК наведува и случаи на неспоивост на функции, односно лица кои истовремено извршувале две функции за кои постои законска забрана. И за овие прекршоци се изречени глоби од по 300 евра. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 🚦 БЕЗБЕДЕН ГРАД: НАД 310.000 ЕВИДЕНТИРАНИ ПРЕКРШОЦИ