Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, информира УХМР. Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8 Утре исто така ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови западен ветер. УВ=8 Денес во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од утре под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation АРХИЕРЕЈСКА СВЕТА ЛИТУРГИЈА ПО ПОВОД „СЛЕГУВАЊЕТО НА СВЕТИОТ ДУХ (СВ. ТРОИЦА) -ПЕДЕСЕТНИЦА (ВТОР ДЕН)“ ДЕВОЈЧИЊАТА ОД БК „БУЧИМ ШАМПИОНИ“ СО УСПЕСИ ОД ТУРНИРОТ ВО КОСОВО