Општина Радовиш во соработка со ЈП ,,Плаваја,, -Радовиш, врши дезинфекција на улиците и контејнерите за собирање на смет. -Се дезинфицираат просториите на образовните институции, градинките, културниот дом, библиотеката и др. -Дезинфекција на јавните површини околу пазариштето и пазариштето, плоштадот и др. ЈП „ПЛаваја исто така имаше известување дека во согласност со препораките на Владата, во координација со општина Радовиш ЈП”Плаваја” денес започна со дезинфекција на јавните површини околу пазариштето и пазариштето. Исто така се дезинфицираа и сите контејнери за отпад и локациите каде се поставени контејнерите. И покрај дезинфекцијата остануваат на сила сите препораки и заклучоци на Владата и Министерството за здравство за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19 (корона вирус). Општина Радовиш и ЈП „Плаваја” апелираат на нивно максимално почитување! Post navigation ОПШТИНА РАДОВИШ СО ИЗВЕСТУВАЊЕ И ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИ И ПРЕВЕНЦИЈА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА ВО РАДОВИШ