Врз основа на законските одредби за утврдување на мерките за спречување на појава, внесување, рано откривање и спречување на ширењето и сузбивање на корона вирусот заради заштита на населението на општина Радовиш, градоначалникот на општината Герасим Конзулов во рамките на своите законски овластувања ги реализира следните мерки и активности за превенција: -Сите граѓани од општина Радовиш, кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, строго да се придржуваат кон Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација. за време на траење од 14 дена. -МВР СВР Радовиш на дневна основа задолжително да доставува податоци за лицата кои се пристигнати од високо и средно ризичните држави и да врши постојана контрола за почитување на Наредбата за спроведување на задолжителната самоизолација. -Во соработка со ЈП ,,Плаваја,, -Радовиш, се врши дезинфекција на улиците и контејнерите за собирање на смет. -Се дезинфицираат просториите на образовните институции, градинките, културниот дом, библиотеката и др. -Во соработка со Црвен крст организирани се мобилни волонтерски екипи за достава на неопходни средства до ранливите категории на лица: стари, изнемоштени лица, лица со попреченост кои имаат потешкотии со движењето, со цел да им се овозможи секојдневно функционирање и да не се изложуваат на дополнителна опасност. Помошта на мобилните екипи се состои од помош за набавка на намирници,подигање на лекови, достава до домовите и плаќање на сметки. За помош од волонтерските екипи заинтересираните граѓани да се јават на следните телефонски броеви: -072-277-177 Црвен крст општинска организација Радовиш -075-309-370 Општина Радовиш Се молат граѓаните да не ги злоупотребуваат телефонските броеви. -Општина Радовиш следејки ги препораките од Министерството за здравство,на огласната табла и електронски, објави телефони за контакти со стручните служби на општината. -За секоја промена на ситуацијата во општината а во врска со пандемијата ке бидете навремено информирани Со почит, Општина Радовиш Post navigation ЦРВЕН КРСТ РАДОВИШ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ХРАНА И ЛЕКОВИ ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ И КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА СМЕТ