Среда се затвара избирачкиот список и во него ќе бидат нешто повеќе од 1.814.000 граѓани, изјави денес претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски. Бројката на гласачи ќе се знае в среда, а потоа списокот ќе се генерира и ќе биде предаден на печатење, рече Деркоски, и додаде дека избирачкиот список континуирано се чисти и затоа има „високо ниво на прочистеност“, па не треба да има загриженост околу тоа прашање. Скоро цела недела членовите ДИК правеше проверка на сите избирачки места, а голем број од нив ќе се дислоцираат за изборите на 15 јули за да се задоволат критериумите за заштита од коронавирусот. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation УШТЕ ДВЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА РАДОВИШАНИ „НЕПОСТАПУВАЊЕ СПОРЕД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОПИСИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА ПРЕКУ ПРЕМИНОТ ЕВЗОНИ ГРЦИЈА СЕ ОТВАРА ОД СРЕДА