Неактивирана артилериска граната од Првата светкска војна е пронајдена на стариот магистрален пат Штип-Радовиш, кај местото Пиљаф Тепе. „На 23.01.2022 во 12.30 часот во СВР Штип, Т.Ѓ. пријавил дека на стариот магистрален пат Штип – Радовиш, кај Пиљаф Тепе, штипско, пронашол стара неактивирана експлозивна направа – артилериска граната од Првата светска војна. Увид извршила увидна екипа на СВР Штип, а пронајдената граната е обезбедена и предадена на Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.“ – стои во полицискиот билтен. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НАГРАДЕНИ ЛИЦАТА КОИ ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ ГИ ФАТИЈА СВЕТИТЕ КРСТОВИ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА УЧЕНИЦИТЕ ЗАПОЧНУВААТ СО НАСТАВА ОД 1 ФЕВРУАРИ