По повод Светски ден на книгата и авторското право, вечерва во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш се одржа- промоцијата на книгата „Радовиш и Радовишко од памтивек до денес“ од роднокрајниот автор Оливер Бојаџиев.

Ова значајно дело претставува резултат на долгогодишна посветеност и темелна истражувачка работа. Пред присутните беше претставена богатата историја на Радовиш и Радовишко, збогатена со архивски податоци, сведоштва и вредни записи што го поврзуваат минатото со сегашноста.

Книгата беше препознаена како значаен придонес во зачувувањето на културното наследство и идентитетот на градот Радовиш. Авторот Оливер Бојаџиев, преку ова дело, остава траен белег во афирмацијата на локалната историја, традиција и културни вредности.

Промотор на книгата беше Игор Чапов, кој со својот стручен и аналитички пристап понуди продлабочен осврт на содржината и значењето на делото.

Настанот беше дополнително збогатен со музичка илустрација, која внесе посебна емоција и уметничка димензија во целокупната атмосфера.

Во рамките на настанот беше поставена и изложба посветена на Радовиш, која преку визуелни елементи го долови духот, традицијата и културното богатство на нашиот град.

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!