Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна. Проверете ! Потребни состојки: 1 тиква Печалка, 10 кг. бело грозје, ½ кило вар, шеќер и мескумбе Подготовка: Тиквата се става во варова вода да стои една ноќ, а грозјето 3 часа. Пред варењето на маџунот, убаво се мијат од варта и се одваруваат 20 мин. Потоа, се вари шербет од шеќерот и водата и се става тиквата да се вари, грозјето се става по еден час од варењето на тиквата во шербетот. Се ставаат и 1 -2 лимонтуси. При варењето маџунот се отпенуваи се попрскува со вода. Маџунот се вари околу 4 часа,а е готов кога ќе стане густ, т. е, кога од лажицата капнуваме на чинија и се создава густа капка. На крајот се става еден исечкан лимон, превии по желба и мескумбе.Старскиот маџун има килибарна боја и мирис на мескумбе. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] [metaslider id=”9079″] [metaslider id=”19490″] Post navigation ФК ДЕТОНИТ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ФК ТИВЕРИЈА ПАТОТ „ШТИП-РАДОВИШ“ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ЗА ДЕСЕТИНА ДЕНА