Клубот „Адреналин“ се подготвува за настап на Европскиот куп Varazdin Open, кој ќе се одржи од 1 до 3 мај во Вараждин.

 Наш претставник ќе биде Мите Крстев (18), државен првак на Македонија, кој ќе настапи во дисциплината лоу-кик до 86 кг.

 


Мирко заминува на професионален камп во Варна, каде ќе тренира со дел од најдобрите фајтери од Балканот и Европа. На кампот учествуваат борци од Бугарија, Германија, Грција, Шпанија, Италија, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Унгарија, Франција и Холандија.

Станува збор за престижната организација SENSHI, добро позната во боречкиот свет, каде учество земаат сениорски фајтери (70–85 кг) – професионалци.

Тренери на кампот се вистински легенди од K-1 Grand Prix:

  • Semmy Schilt – поранешен шампион
  • Ernesto Hoost – K-1 легенда
  • Albert Kraus
  • Sam Greco
  • Andy Souwer
  • Nicholas Pettas

 „Адреналин“ е горд на Мирко – ова е голем чекор напред за кик-боксот во Радовиш!

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!