Реализирана координативна средба на командирите од југоисточниот плански регион, посветена на подготовките за претстојната летна сезона и справување со евентуални пожари и други непредвидени ситуации. На средбата беше ставен акцент на подготвеноста на противпожарните единици, меѓусебната координација и навремената реакција со цел поефикасно справување со пожари на отворен простор, шумски пожари и други ризици кои се карактеристични за летниот период. Се разгледаа расположливите ресурси, техничката опременост, како и потребата од дополнителна поддршка и унапредување на капацитетите на службите. Командирите ја истакнаа важноста од заедничко делување, координација и постојана комуникација помеѓу институциите, со цел навремена превенција и заштита на граѓаните и имотот. Апел до граѓаните за зголемена внимателност и одговорно однесување, со цел спречување на појава на пожари во текот на летната сезона. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Следува нов предизвик за клубот „Адреналин“ Детската градинка „Ацо Караманов“ го одбележа Денот на планетата Земја