РК Радовиш пролетниот дел од првенството го продолжува утре со првиот натпревар на домашен терен против екипата на РК Пролет. Инаку овој натпревар за избраниците на Мијалов е од големо значање бидејки остануваат уште три натпревари во кој по некои калкулации можно е да се избори пласман во Плеј оф завшницата каде што противникот РК Пролет веќе има обезбедено место.

Да се надеваме дека РК Радовиш заедно со сите ракометари, голгетерите Мајиќ и Илиев ќе ја полнат мрежата и ќе успеат да извојуват уште една значајна победа за нашиот ракометен клуб.

Покана од управата и играчите упатуваат до сите љубители на спортот и ракометот утре во 18.30 часот да присуствуваат и им дадат поддршка на нашите ракометари.

Понуда која не се пропушта !

РК Радовиш – РК Тинекс Пролет, Скопје

Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш,
Среда (07,03,2018 год) –  почеток од 18:30 часот.
error: Содржината е заштитена !!