Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Штип – Радовиш. Според информациите на МВР, несреќата се случила во 17:15 часот кога О.М. (32) од Штип со автомобил „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.М. (32), додека со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М. (55) и биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”12047″] [metaslider id=”11231″] Post navigation ЈАПОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА – Предлози за третман на милта за нејзина употреба како ѓубриво за земјоделските површини АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД „6-ТИ НОЕМВРИ“- Јубилеј „75 години од ослободувањето на Радовиш“