Јапонска делегација од префектурата Шига со претставници од директоратите за животна средина во Сабота на 02 Ноември 2019 година беа во посета на општина Радовиш и ЈП”Плаваја”.

Интересот на јапонската делегација беше фокусиран на работата на пречистителната станица за отпадни води, вградената технологија, квалитетот на пречистената вода и милта.
При посетата на лице место од стручните лица на ЈП”Плаваја”, беа побарани мислења и предлози од јапонските претставници за подобрување на перформансите на пречистителната станица и можности за доградба со постројка за третман на милта за нејзина употреба како ѓубриво за земјоделските површини.

Воспоставени се темели на една искрена и стручна основа и очекуваме дека во иднина ќе имаме и конкретни резултати од оваа посета на високата јапонска делегација на нашата општина.

Информираат од ЈП Плаваја




 

[metaslider id=”11006″]


[metaslider id=”11123″]




[metaslider id=”12047″]

 


[metaslider id=”11231″]


 



 





 

error: Содржината е заштитена !!