УСВОЕНА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ЗА 2018 ГОДИНА На последната Седница на Владата на Република Македонија усвоена е Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на ЈП за државни патишта. Врз основа на Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година планирани се инвестиции во вкупна вредност од 16 748 600 000 денари и тоа за следните проекти: Од сопствени средства предвидена е реализација на: – Градежни работи на делница Опае – Бељановце – Станчиќ – Продолжување и рехабилитација на државен пат А1 делница Неготино-Демир Капија – Доизградба на Регионален пат Крак 1 – (Фаза 2) на потег фабрика Вевчанка – Здравствен дом Вевчани – Рехабилитација на државен пат 1301, делница Охрид кај бензинската пумпа Билјанини извори – Коњско – Рехабилитација делница Сарај- Групчин – Рехабилитација Петровец – Миладиновци и Кадино – Хиподром – Рехабилитација на делница Битола – Новаци – Рехабилитација делница Петровец – Катланово – Рехабилитација државен пат Р1202 кружен тек ГП Блато – Рехабилитација А3 Јанковец – Ресен – Макази – Рехабилитација делница мост Близанско – Калуѓерац – Рехабилитација на државен пат Р2234 делница Пршовце – Јегуновце – Рехабилитација делница Берово – Струмица – Рехабилитација бавна лента Валандовско брдо – Рехабилитација делница Гостивар до с. Колари – Рехабилитација делница Ропалце – Матејче – Липково – Изградба на наплатни станици на автопати (преод Кадрифаково- Арбиново) – Санација на мостови на државен пат А2 Гостивар (мост кај с. Здуње) до с.Колари – Изградба на мост на државен пат Р2136 на река Пчиња кај Коњаре – Санација на горен строј на мостови – Санација на свлечишта – Осветлување на повеќе клучки и мостови – Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на патишта Со заем од Ексим Банка ќе се реализираат следните проекти: – Продолжување на изградба на автопат Кичево –Охрид – Продолжување на изградба на автопат Миладиновци – Штип Со заем од Светска банка ќе се реализираат следните проекти: – Регионален пат Р1207, Младо Нагоричане – граница Пелинце, должина 19 км – Државен пат А3е, Делчево – Звегор, должина 5 км – Државен пат А4, Струмица – Ново Село – МК / БГ граница, должина 20 км – Регионален пат Р1106, Јурумлери – Драчево, должина 5 км – Регионален пат Р1107, Кавадарци – Росоман, должина 11 км – Регионален пат Р1109, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, должина 24 км – Регионален пат Р1204, Куманово – Свети Николе, должина 25 км – Регионален пат Р1209, Тетово – Попова Шапка, должина 15 км – Регионален пат Р1302, Делчево – Пехчево, должина 15 км – Регионален пат Р1304, Берово – Виница, должина 7 км – Регионален пат Р1305, Битола – Демир Хисар, должина 10 км – Регионален пат R2131, Драчево – Орешани – Таор, должина 10 км – Рехабилитација на државен пат А3 делница Кочани-Делчево – Санација на свлечишта Лот 1 Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево – Санација на свлечишта Лот 2 Лакавица – Неготино, Делчево – Берово, Битола – Новаци – Проект за проценка на безбедноста на патиштата –IRAP – Изградба на експресен пат делница Ранковце-Крива Паланка Со заем од Европската банка за обнова и развој ќе се реализираат следниве проекти: – Реконструкција на обиколница Кочани – Прoширување на левиот коловоз и реконструкција на двата коловози на патен правец Катланово-Петровец – Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Петровец – Реконструкција на автопатската делница Хиподрoм – Петровец – Реконструкција на автопатска делница Миладиновци-Хиподром – Реконструкција на патен правец Пробиштип–Крупиште – Реконструкција на патен правец Маврови Анови-Жировница – Реконструкција на трета лента на патен правец Фаришка клисура -Прилеп – Реконструкција на патен правец Штип–Радовиш, должина 20 км – Реконструкција на патен правец Кривогаштани-Крушево – Реконструкција на патен правец Карпалак – Желино – Реконструкција на патен правец Крива Паланка-Ранковце – Реконструкција на патен правец Скопје-Блаце – Реконструкција на патен правец Подмољњ-Струга-Ќафасан – Реконструкција на патен правец Куманово- Свети Николе – Реконструкција на патен правец Битола-Меџитлија – Реконструкција на патен правец Битола-Демир Хисар – Реконструкција на патен правец Крушево – Демир Хисар – Реконструкција на патен правец Катланово-Велес – Реконструкција на патен правец Куманово-Опае – Реконструкција на патен правец Велес-Градско-Неготино-Демир Капија – Реконструкција на патен правец Никуштак-Куманово – Реконструкција на патен правец Другово-Демир Хисар – Реконструкција на патен правец Македонска Каменица-Саса – Реконструкција на патен правец Кичево-Македонски Брод – Реконструкција на патен правец Узем-Тораница – Изградба на спој на експресен пат Велес – Кадрифаково со постојан регионален пат 1204 – Проект за воведување на електронски систем за наплата на патарини на Коридор 10 – Изградба на експресен пат Градско – Прилеп, делница Фаришка – Дреновска клисура – Изградба на експресен пат Штип – Кочани – Изградба на експресен пат Штип – Радовиш – Воведување на дигитална архива Инвестиционо одржување на патишта кои ќе се реализираат преку договорот со ЈП Македонија пат Изработка на проектна документација и надзор над градежните работи на државните патишта (изработка на физибилити студии, инфраструктурни проекти, студии за животна средина, основни проекти, како и надзор на изградбата и одржувањето на патиштата). Владата на Република Македонија интензивно ќе продолжи со изградба и реконструкција на патната инфраструктура со цел да се стимулира економскиот раст и развој на земјата. Post navigation РК РАДОВИШ ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ – ИВИЦА ИЛИЕВ Е НОВИОТ РАКОМЕТАР НА РК РАДОВИШ ЈП „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ ЗАПОЧНА СО СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА НАБАВКА НА ОГРЕВНО ДРВО