Денешниот натпревар од 16 коло во Втората фудбалска лига (Исток) помеѓу нашата Плачковица и штипска Брегалница, не личеше на дерби натпревар од втората лига. Со судењето и грешките кои се случуваа од страна на делегираните лига за овој натпревар од страна на ФФМ можеме да констатираме дека уште подолго време гледачите нема да бидат присутна нашите стадиони, а ниту ќе имаме квалитетен фудбал. Овие 90 минути судиите го имаа натпреварот во свои раце, а тоа се докажа и со целовремените свирежи и негации од страна на многубројната публика упатувајки ги кон нив. Секој што денес беше присутен на градскиот стадион во Радовиш, разочарано и со видна нервоза го проследија натпреварот. Можеби ве интересира ! Инаку Брегалница поведе на почетокот на натпреварот со 1-0 и тој резултат остана до крајот на натпреварот, на средината од првиот дел ФК Плачковица остана без играч кој беше исклучен и целиот натпревар го одиграа со 10 фудбалери, а исто така на скоро секој прекршок се делеа жолти картони на нашите играчи. Да се надеваме дека во федерацијата ќе ја проследат снимката и во нареден период нема да бидат делегирани вакви лица за кој што беа делегирани за денешниот натпревар. Post navigation ДОНАЦИЈА НА ТОПЧИЊА ЗА ТЕНИСКИОТ КЛУБ „АС“ ОД РАДОВИШ ЗАПОЧНА СО РАБОТА УНИВЕРЗАЛНАТА СПОРТСКА ШКОЛА “BE ACTIVE”