Во Општина Радовиш е во тек работната фаза од проектот за реконструкција и пренамена на поранешната Стоковна куќа во современ мултифункционален и културен центар со музејска содржина, информираше премиерот Христијан Мицкоски. На својот Фејсбук профил тој објави слики од реконструкцијата. „Објектот, лоциран во централното градско подрачје, добива целосно нова намена и значење како јавен простор од културен и општествен интерес. Во рамки на работната фаза се изведуваат интензивни градежни активности кои опфаќаат конструктивна санација и адаптација на постојниот објект, внатрешно уредување, функционална реорганизација на просторот и создавање услови за современи културни, изложбени и музејски содржини. Со инвестиција од 229.691.396 денари, обезбедена од Министерството за култура, се поставуваат темелите за нов културен центар кој ќе придонесе за збогатување на културниот живот, зачувување и презентација на културното наследство и зголемена достапност на културни настани за сите граѓани“. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Понеделник, 19 јануари, е неработен ден… Лице од Калуѓерица агресивно се однесувал и фрлал со предмети кон полициските службеници