Јован Коцев е назначен за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Тој доаѓа на местото на досегашниот директор, а сега градоначалник на општина Валандово – Ѓоко Камчев.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион претставува клучна институција која гради мост помеѓу локалните самоуправи, националните политики и меѓународните иницијативи за поттикнување на одржлив и инклузивен развој. Формиран согласно Законот за рамномерен регионален развој, Центарот активно работи на идентификација и искористување на економските, еколошките и социјалните потенцијали на регионот.

Југоисточниот плански регион опфаќа 10 општини, со 148.387 жители на површина од 2.835 км², и претставува еден од осумте плански региони во државата. Овој регион е пример за балансиран развој, каде традицијата и модернизацијата се спојуваат во заедничка визија за напредок.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!