Владата на 7-та редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19. Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање). За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура. Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита. Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми: Вакцинирани со КОВИД-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци; Прележани со КОВИД-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци; Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај. Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден. Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција. Регистрирани сe 973 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 558, Охрид – 87, Битола – 70, Куманово – 38, Струга – 29, Струмица – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 20, Штип – 19, Тетово – 15, Гевгелија – 11, Ресен – 9, Кичево и Крива Паланка – по 8, Гостивар – 7, Велес, Радовиш и Крушево – по 6, Дебар – 5, Свети Николе и Берово – по 4, Кратово – 3, Кочани и Валандово – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1. • Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 4 од Скопје (61, 70, 85 и 85), 3 од Прилеп (71, 72 и 82), 2 од Битола (84 и 84) и по едно починато лице од Гостивар (72), Охрид (81), Кочани (70), Свети Николе (79), Струмица (78) и од Штип (78). Од пријавените лица, 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и од Радовиш (1) на возраст од 72 до 75 години. Пријавените се починати во периодот од 18.1.2022 до 22.1.2022 година. Од пријавените лица, три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Од вкупниот број починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети. Направени се 6.119 теста преку: ИЈЗ – 533, ЦЈЗ Скопје – 108, ЦЈЗ Битола – 99, ЦЈЗ Прилеп – 55, ЦЈЗ Тетово – 16, ЦЈЗ Куманово – 95, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 5, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 177, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 171, „Авицена“ – 237, „Биотек“ – 298, „Систина“ – 117, лабораторија „Лаор“ – 181, „Синлаб“ – 43, „Ремедика“ – 20, „Плодност“ – 97, „Генеа“ – 17, „Никоб лаб“ – 1.114, „ВФВ медикал“ – 113, „Ели медика“ – 43, „Ројал медика“ – 32, „Спектра-ММ“ – 34, „Рапид лаб“ – 48, „Жан Митрев Струмица“ – 20, „Нова лаб дијагностика“ – 22, „Рамус“ – 57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.366. Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883. Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 118.549, Активни 11.802 Куманово 14.497, Активни 770 Прилеп 12.519, Активни 790 Битола 12.372, Активни 1.691 Тетово 12.160, Активни 548 Гостивар 8.629, Активни 348 Кавадарци 8.612, Активни 711 Велес 8.280, Активни 464 Охрид 7.794, Активни 635 Штип 7.400, Активни 328 Струмица 7.028, Активни 482 Кичево 4.850, Активни 312 Кочани 4.545, Активни 259 Струга 4.303, Активни 264 Гевгелија 3.635, Активни 441 Неготино 3.045, Активни 259 Свети Николе 2.371, Активни 125 Ресен 2.293, Активни 255 Радовиш 2.174, Активни 198 Крива Паланка 2.151, Активни 108 Делчево 1.722, Активни 176 Берово 1.626, Активни 103 Дебар 1.492, Активни 17 Валандово 1.315, Активни 175 Виница 1.269, Активни 58 Пробиштип 1.240, Активни 40 Кратово 869, Активни 60 Богданци 834, Активни 93 Крушево 811, Активни 129 Демир Хисар 759, Активни 76 Македонски Брод 621, Активни 42 Македонска Каменица 487, Активни 46 Демир Капија 477, Активни 29 Пехчево 412, Активни 33 Дојран 206, Активни 16 *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation УЧЕНИЦИТЕ ЗАПОЧНУВААТ СО НАСТАВА ОД 1 ФЕВРУАРИ БАРАЊАТА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА – ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ЗАПОЧНУВА УТРЕ