Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), и врз основа на склучениот Меморандум за соработка бр. 09-823/1 помеѓу општина Радовиш и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Градоначалникот на општина Радовиш, распишува конкурс за 15 стипендии. ЕЛС општина Радовиш и Универзитетот за туризам и менаџмент доделуваат 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година а ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година, 2.Стипендиите се во износ од вкупно 7000 евра, а ќе се доделуваат на следниот начин: во Прва година 1000 евра, а во Втора, Трета и Четврта година по 2000 евра. 3.Стипендиите важат за запишување на следните Факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент: -Факултет за туризам -Економски факултет -Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент -Факултет за менаџмент на човечки ресурси -Факултет за информатика Услови за доделување на стипендии Право за конкурирање имаат сите дипломирани средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Коста Сусинов“, се жители од општина Радовиш и државјани на Република Северна Македонија. 5.Потребни документи за учество на конкурсот Барање до општина Радовиш; Фото копија од лична карта, или пасош; Свидетелства за прва, втора, трета и четврта година средно; Диплома за завршено средно образование; Уверение за дравјанство; Трансакциска сметка (на кандидатот што конкурира); Семејно уверение; Уверение од УЈП за остварени приходи на родителите или старателите за 2021год.; Изборот на кандидатите ќе го изврши комисија која ќе биде формирана од страна на Градоначалникот на општина Радовиш. Напомена: Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани 6.Место и рок за поднесување на документите Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје “ Рокот за поднесување на документите е 20 работни дена заклучно со 08.06.2022 година. Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 дена од завршувањето на конкурсот, на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш. По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Комисијата или до Градоначалникот на општина Радовиш. Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 60 СТЕБЛА ОД РАСТЕНИЕТО КАНАБИС ПРОНАЈДЕНИ ВО ДВОРОТ НА ЛИЦЕ ОД ПОДАРЕШ УСПЕШНА „ЕКО АКЦИЈА“ НА ЕЗЕРОТО МАНТОВО – околу 250 вреќи отпад собрани во акцијата