На 09.05.2022, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајки по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и помошните простории на лице од село Подареш, радовишко. Притоа, во дворот пронашле и одзеле 60 стебла од растението канабис, за кои постои сомнение дека ги засадил и одгледувал неговиот син. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. СВР Струмица *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАКАНИ КОН ВРАБОТЕНА ВО КАЗИНО ВО РАДОВИШ, ВО КОНЧЕ БИЛ НАРУШЕН ЈАВНИОТ РЕД И МИР СО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 15 СТИПЕНДИИ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ