ФК Детонит продолжува со одличното издание, во саботата на градскиот стадион во Радовиш беше совладана екипата на ФК Башкими од Куманово со резултат 7-0. Инаку Судиската комисија при ФФМ ги призна грешките на судиите кои го судеа натпреварот со ФК Тетекс во Тетово каде што нашата екипа беше видно оштетена со неколку судиски грешни одлуки, каде што овие одуки и влијааеа и во понатамошниот натпреавар. Во саботниот натпревар на градски во Радовиш стрелци на головите беа: Алиу 18, 36, Керим 52, Кудијан 58, 90+, Јанев 85 и 90+. Охрид запиша победа против Беласица, Скопје дома со истиот резултат беше подобар од Арсими, како и Пелисте од Вардар Неготино. Осогово со 2:1 славеше дома против Новаци. Најубедливиот триумф имаше Детонит Плачковица над Башкими со 7:0. Нашиот тим се наоѓа на третата позиција кој заедно со ФК Пелистер имаат по 16 бода, во сабота ФК Детонит Плачковица гостува во Прилеп кај ФК Победа. РЕЗУЛТАТИ – 7 коло Беласица – Охрид 0-1 Детонит Плачковица – Башкими 7-0 Скопје – Арсими 1-0 Каменица Саса – Победа 2-1 Караорман – Беса 0-2 Кожуф – Тетекс 3-4 Новаци – Осогово 1-2 Вардар Неготино – Пелистер 0-1 За изминатото коло каде што нашата екипа беше поразена во Тетово од Тетекс со резултат 4-0, ФФМ призна голем број на судиски грешки, Судиска комисија ги разгледа спорните моменти и ги донесе следните заклучоци, а се наметнува прашањето со признанието што фајда имаат клубовите и дали има казни за судиите: На натпреварот ФК Тетекс – ФК Детонит одигран на 23.09.2023 година, анализирани се ситуациите од 26 и 90+5 минута. Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Давор Дишлиевски и Зоран Ангелов. 4-ти судија: Јордан Јовановски; 26. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (за недосуден пенал за гостинската екипа) Домашен играч во својот шеснаесетникот ја изби топката надвор од шеснаесетникот, во тој момент од зад грб противнички играч сакаше да помине покрај играчот на домаќините и истиот намерно ја рашири раката (зголемувајки го волуменот од телото) и со пределот на подлактицата направи неспортски потег во главата (лицето) играчот на гостите. Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за екипата на гостите и да додели жолт картон за играчот на домашната екипа поради неспортски старт (намерно поставување подлактица во главата (лицето) на противнички играч. 90+5: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И СОРАБОТКА СО 4-ТИОТ СУДИЈА (за недоделен ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа, иако тоа му беше втор жолт картон на играчот) При една борба за топка два противнички играчи меѓусебно имаа конфронтација, главниот судија исправно досуди слободен удар за домашната екипа и додели жолт картон на двајцата играчи. Погрешна одлука на главниот судија што не му додели ЦРВЕН картон на играчот на домашната екипа туку го остави играчот да го доигра натпреварот, бидејќи тоа му беше втор жолт картон, првиот жолт картон играчот го доби во 86 минута поради неспортски однос (шутирање на топка после досудена офсајд позиција). Во оваа ситуација не е добра соработката на целиот судиски тим, посебно не е добра соработката помеѓу главниот судија и 4-тиот судија. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation РАКОМЕТАРИТЕ ПОСТИГНАА 56 РЕКОРДНИ ГОЛА НАСТАНАТ ПОЖАР ДО РЕЗЕРВОАРОТ ЗА НАФТА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО РАДОВИШ