Д-р Венко Филипче носител на листата на СДСМ во Изборната Единица 4 денеска го посети Радовиш каде што најпрвин во Клубот на пензионерите заедно со кандидатот за пратеник од Радовиш Симона Цветаноски, Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска имаа средба со пензионерите од Радовиш и Конче и одржа трибина на тема „Здравството и проблеми со здравјето и помош, термини и европско здравство“ трибина која беше во соработка со Здравниот дом од Радовиш а е по повод „Денот на здравството“. [metaslider id=”33617″] Потоа во „Музејот на љубовта и уметноста“ во Радовиш д-р Венко Филипче одржа средба со членовите од Здружението на ,,Лицата со дијабет‘‘ на Радовиш, Подареш и Конче, каде што беше учесник на трибината со тема: ,,Проблеми на лицата со дијабет и навременото снабдување со инсулин и другите основни средства за регулирање на дијабетисот‘‘ . [metaslider id=”33654″] Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 7 ДЕНА 7-ТЕ КАНДИДАТИ ЈА УБЕДУВААТ МАКЕДОНИЈА… ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024… ОТВОРИВМЕ НОВ ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР И НАБАВИВМЕ ВРВЕН ИНСУЛИН ВО МОЈОТ МАНДАТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ВО РАДОВИШ