Како и додека бев министер за здравство и како пратеник во иднина ќе се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, дури и за време на најголемата здравствена криза во поновата историја. Ова го истакна д-р Венко Филипче кој како носител на листа на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина се сретна со лица со дијабетес од Радовиш и околните региони. Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер беа направени клучни промени во терапијата за лицата со дијабетес: укинување на паралелниот увоз на инсулин, набавка на три нови типови на инсулин, нов дијагностички центар за дијабетес на Клиниката за ендокринологија. „Ќе продолжам да се залагам за најсовремена терапија и дијабетичарите никогаш да не останат без терапија и без ленти, игли, гликемери. Ќе се залагам за повторно организирање на јавни едукации и трибини во насока на подигнување на свеста за лицата со дијабетес“, рече Филипче. Ваквата непосредна комуникација со различните групи ќе продолжам да ја негувам и во иднина, рече Филипче и додаде дека благодарение на соработката со граѓанските организации и здруженијата на дијабетичарите, развил партнерски однос со нив за подобрување на условите и квалитетот на животот на лицата и децата со дијабетес. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕНЕСКА ГО ПОСЕТИ РАДОВИШ, ИМАШЕ СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ И ЛИЦАТА СО ДИЈАБЕТ СИЛЈАНОВСКА: ПЕНДАРОВСКИ НЕ МОЖЕ ДА МЕ ВИДИ ЗАРАДИ РЕКИТЕ НАРОД КОГА СУМ ДОЛУ, А КОГА СУМ НА ГОВОРНИЦА НЕ САКА МЕ СЛУША ЗАШТО КАЖУВАМ СÈ ШТО ТОЈ НЕ СМЕЕ ДА КАЖЕ