Нашиот второлигаш најави ново име на тренерската позиција, Димитковски Љупчо -досегашниот стратег на ФК Тиквеш ќе биде дел од екипата која треба да се врати со победи во продолжението од првенството и избори опстанок во Втората фудбалска лига. ФК Плачковица ги започна подготовките на Градскиот стадион во Радовиш, со што официјално новиот тренер започна со формирање на екипата и стратегијата со која треба да им донесе успех во следните натпревари. ФК Плачковица во есенскиот дел се пласираше на седмата позиција на табелата и е на самата зона на испаѓање, со Димитковски управата очекува подобрување на резултатот и позитивни натпревари кои преостануваат од првенството. Повеќе информации за претстојните подготовки во некоја наша следна објава. *фото Радовишки спортски мозаик Post navigation ПОДГОТОВКИ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ ГРАДИНКА И ЦЕНТРИ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА КОНЧЕ – Благој Илиев: Грижата за децата е, и останува наш приоритет