Во Детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш денеска беше одбележан Денот на планетата Земја, преку едукативни и креативни активности со најмладите. Децата учествуваа во разговори и изработка на тематски материјали, при што се запознаа со значењето на чистата и здрава животна средина, како и со начините на кои секој поединец може да придонесе за нејзина заштита. Од установата посочуваат дека ваквите активности имаат за цел да ја развијат еколошката свест кај децата уште од најрана возраст, нагласувајќи дека грижата за природата е заедничка одговорност. 🌱 Пораката што ја испратија најмладите е јасна – да ја чуваме планетата за идните генерации. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Координативна средба на командирите од југоисточен плански регион Проф. Наташа Спасевска успешно ја заврши престижната Fulbright TEA програма во САД