Во Министерството за внатрешни работи беа промовирани новите ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните. -Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина и алкохол по глава на жител е на исто или дури и повисоко ниво од земјите од Европската Унија. Во крајна линија, сите сме сведоци дека од 2017 година наваму, како раководство на МВР, без престан инсистираме и делуваме на континуирано организационо и, пред сѐ, материјално-техничко опремување на сите наши служби, што како процес напоредно течеше со процесите на полициски реформи. Со овие нови 50 радари уште повеќе ќе се зголеми ефикасноста и квалитетот на сообраќајната контрола што, пак, треба да даде свои резултати во зголемување на нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата, истакна министерот Оливер Спасовски. фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ИЗМАМА ВО РАДОВИШ – КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕТОВЧАНЕЦ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО „ИЗМАМА“ СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЗУЛОВ СО ТОМЕ ДАНЕВСКИ, ОСВОЈУВАЧ НА ТРИ ВИСОКИ НАГРАДИ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО ФИТНЕС И БОДИБИЛДИНГ ВО КОПЕР, СЛОВЕНИЈА.