Територијалната против пожарна единица Радовиш продолжува со изведување на редовните тактички вежби, кои се со цел за кондициона подготвеност на пожарникарите и одржување на опремата во исправна состојба. Со вежбите се опфатени сите активности кои треба да ги совладува секој пожарникар, а се изведуват за време на работното време во времетрање од два работни часа. Редовните рактички вежби се предвидени со закон, а се користи целокупната опрема со кој располага оваа единица (Изолациони апарати, РТЦ опрема, скали и др.) Од ТППЕ Радовиш упатуваат апел до граѓаните да не стане недоразбрирање и немир за време на овие активности бидејки се само тактички вежби. Post navigation ФК ДЕТОНИТ СО ПОБЕДА ПРОТИВ ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИТЕ НА ОБНОВЕНАТА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА