Викендот што измина беше одржан регионалниот натпревар по математика во организација на Сојузот на математичари на Македонија, а домаќин на настанот беше ООУ „Никола Карев„ Радовиш. Домаќините на натпреварот се погрижија за одлична организација во корелација со акредитираниот сојуз за натпревари и во безпрекорни услови се одвиваше фер и коректен натпревар на кој зедоа учество вкупно 103 ученици од регионот. Делегатот на натпреварот Александар Печков, заедно со координаторот на настанот Анита Митева Цветковски, директорот на училиштето и тимот на наставници кои го помогнаа целиот настан како и самите ментори-наставници од целиот регион на сите ученици учесници им посакуват успех и во понатамошните нивоа на натпреварувања. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРЕТРЕС ВО РАДОВИШКО, ТРИ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ДЕКА ИЗВРШИЛЕ ПОВЕЌЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ОДРЖАНА ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ И ЕВАКУАЦИЈА