РК Радовиш ја реализираше втората победа во новата сезона, вчера во Радовиш беше совладана екипа на Партизан Гевгелија со резултат 56-36. Зоран Стојановски и Иванче Ончев имаа по десет гола, осум Филип Костадинов, од Партизан Гевгелија, Васил Зајков даде 14 погодоци, додека десет пати погоди Ѓорѓе Банцалиски. Првото полувреме заврши со 49 погодоци, 25-24, а во вториот дел кога поведоа со 28-24 и до крајот само ја зголемуваа разликата до конечните 20 плус. Овој натпреавар ќе се памети долго и ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет што за 60 минути беа постигна дури 92 гола е нешто за што досега можеби воопшто не сме биле сведоци на терените во државата, па дури и поширокот, каде што можеме да кажеме дека е меѓу десетте најефикасни средби во историјата на овој спорт, со оглед што мрежите во просек се тресеа на секои 40 секунди. Во следното коло, Радовиш е слободен. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ УКРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА И ИЗВРШИЛ НЕКОЛКУ ТЕШКИ КРАЖБИ СЕДМИЦА ЗА БАШКИМИ ВО РАДОВИШ, ФФМ ГИ ПРИЗНА СУДИСКИ ГРЕШКИ ОД НАТПРЕВАРОТ СО ФК ТЕТЕКС