Убаво сведоштво за Венко во групата „И јас сум Венко Филипче” – пред вчераниот митинг во Скопје Денес ме побара една мајка на која маката не и дала друг избор,се познаваме онака од фб а е член на оваа група. Ме замоли за совет како да стапи во контакт со Др.Венко,дали би и одговорил дали ќе се јави? Барај го и реков…ќе ти се јави,уствари пиши му денес е во Скопје на митинг можеби е во гужва. Пиши му на вибер ќе ти врати знам.. Ме побара после неколку часа онолку колку и биле потребни да собере храброст да му се јави…. Беше толку возбудена,гласот и трепереше…ми се јави рече…на второто звонење ми крена телефон.Зборуваше со мене како да се познаваме,многу едноставен,човечки разговор како помеѓу двајца пријатели… Ми закажа средба Македонче…фала ти Не се сомневам,ти кажав и секогаш секому кажувам дека едноставно тој е таков..човек е… И на оваков ден во таа гужва денес на бина…тој Др.Венко крена телефон на непознат број и даде надеж на една мајка! Понекогаш е доволно да ислушаш некого,да бидеш достапен без разлика каде си … Еден е Венко Филипче … Ти благодарам во име на мајката докторе Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОД ПОЛНОЌ ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 – последен ден од кампањата за првиот круг…