По пребројаните 99,85 отсто од избирачите кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред кандидатот поддржан од СДСМ, додека кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ е трет Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, и натаму води со двојна предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите резултати на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) по првиот круг на претседателските избори. По пребројани 99,85 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 362 682 гласа, а Стево Пендаровски 180.306 гласа. По нив следува кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи кој од досега пребројаните избирачи има 120 903 гласа. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НИКОЛОСКИ: ПЛАТФОРМАТА 1198 НУДИ БРОЈНИ ПРОЕКТИ КОИ ДОПИРААТ ДО СИТЕ СФЕРИ ВО ЖИВОТОТ, ТАА ЌЕ ГО ВРАТИ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО, ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА, ЗДРАВСТВОТО, ОБРАЗОВАНИЕТО ДЕНЕШЕН ДЕН 25 АПРИЛ …