Изјава на САШКО ЈАНЧЕВ, носител на листата за пратеници на #Левица во ИЕ 4, во која рече: ,,Во Четвртата изборна единица се: Струмичко-радовишката, Гевгелиско-валандовската Котлина, Тиквешијата и голем дел од Пелагонија. Имаме златно поле и штета е луѓето да имаат ваква дедовина, да имаат сè, а да го бараат спасот некаде во странство. Затоа Левица во својата програма предвидува сериозна државна интервенција во земјоделието која се состои од: – Разбивање на зелената мафија на прекупци; – Планско производство на земјоделски производи со цел да нема вишоци и недостатоци на производи; – Државни откупни центри; – Државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со храна градинки, училишта, болници, армијата; – Стоковните резерви да се пополнуваат строго од домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците и производителите; – Аграрен максимум, односно забрана – малку луѓе да можат да го откупат целото земјоделско земјиште; – Стимулирање задругарство… Крајна цел ни е прво да произведеме храна за Македонија, а потоа државата да се вклучи во пронаоѓање пазари во странство.” Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation МАКЕДОНСКАТА ПЛАТФОРМА НА ЛЕВИЦА ГО ШТИТИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МИЦКОСКИ: ВЕРУВАМ ДЕКА ВО СРЕДА ЌЕ ИМАМЕ УБЕДЛИВА ДВОЈНА ПОБЕДА, ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ТВОЈА МАКЕДОНИЈА СЕ БЛИСКУ ДО 61 ПРАТЕНИК