На вечерашниот централен митинг во Струмица, д-р Венко Филипче како носител на листата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во ИЕ 4, пред присутните граѓани порача дека и покрај сите предизвици, но и грешки кои ги направи партијата, СДСМ остана доследна да обезбеди иднина за своите граѓани. „Во многу работи успеавме, но и во некои потфрливме. Некаде го изодевме целиот пат, некаде стигнавме до пола. Но, вистината е дека наместо на ситни дневно политички поени, се фокусиравме на трајни политички решенија.“, истакна Филипче. Пред големиот број симпатизери тој повтори дека СДСМ и покрај своите слабости и недостатоци додека беше на власт, успеа да остане доследна и на социјалдемократијата. „Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој“, рече Филипче. Тој додаде и дека не било лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите за овие и за многу следни генерации и потенцираше дека ова е суштинската разлика помеѓу она што го нуди СДСМ и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ. „Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори“, рече Филипче на вчерашниот централен митинг во Струмица. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НАПАДНАТА ДЕВОЈКА ОД РАДОВИШ, СЕ ПРЕЗЕМААТ МЕРКИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ ФИЛИПЧЕ: ДА СЕ МОБИЛИЗИРАМЕ, ВО ВАШИ РАЦЕ Е ОДЛУКАТА ЗА ПОДОБРА ИДНИНА