Општина Конче на локалните избори ќе избира помеѓу шест листи за советници кои имат доставено до ДИК, но сеуште се неофицијално потврдени од страна на Државната изборна комисија.

  1. За политичката партија „Родина“ носител е Мирко Димитров.
  2. Демократскиот сојуз за носител го предложи Јонче Здравев.
  3. Бранкица Вчкова е носител од коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.
  4. Ристо Томов ќе биде носител на листата од СДСМ и коалицијата.
  5. Партијата „Единствена Македонија“ оди со Никола Јованов како носител.
  6. ТДП, Турската демократска партија за носител ја избра Елиф Саидова.

Претходно како што информиравме беа поднесени и три кандидатури за градоначалници од страна на ВМРО-ДПМНЕ кандидат актуелниот градоначалник Златко Ристов, Благој Илиев кандидат на СДСМ и претходен градоначалник и Фикри Усинов од ТДП како кандидат.

 

Извор: ДИК


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!