По повод Светски ден на книгата и авторското право, вечерва во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш се одржа- промоцијата на книгата „Радовиш и Радовишко од памтивек до денес“ од роднокрајниот автор Оливер Бојаџиев. Ова значајно дело претставува резултат на долгогодишна посветеност и темелна истражувачка работа. Пред присутните беше претставена богатата историја на Радовиш и Радовишко, збогатена со архивски податоци, сведоштва и вредни записи што го поврзуваат минатото со сегашноста. Книгата беше препознаена како значаен придонес во зачувувањето на културното наследство и идентитетот на градот Радовиш. Авторот Оливер Бојаџиев, преку ова дело, остава траен белег во афирмацијата на локалната историја, традиција и културни вредности. Промотор на книгата беше Игор Чапов, кој со својот стручен и аналитички пристап понуди продлабочен осврт на содржината и значењето на делото. Настанот беше дополнително збогатен со музичка илустрација, која внесе посебна емоција и уметничка димензија во целокупната атмосфера. Во рамките на настанот беше поставена и изложба посветена на Радовиш, која преку визуелни елементи го долови духот, традицијата и културното богатство на нашиот град. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Општински натпревар по прва помош во Радовиш Учениците од СОУ „Коста Сусинов“ со награда од 21-то Образовно рандеву на МАССУМ